Останато

Македонското културно богатство – Винарија ,,Кралица Марија”

Краток историјат

кралица марија

За постоењето на едно големо културно богатство кое се наоѓа во нашата земја, кралската вила, денес позната како винарија ,,Кралица Марија”, е одговорен Српскиот крал Александар  Караѓорѓевиќ. За сите оние кои не знаат, таа се наоѓа во Демир Капија и е една од најстарите винарии во Македонија и на балканот. 

Поради посебните микролокации и традицијата за производство на вино која постоела уште од времето на Античка Македонија во 1925 год. Кралот Александар го купил имотот од петнаесет аги и два бега на 500 хектари површина за 2 000 златници кои биле свадбен поклон на Кралицата од нејзините родители Фердинанд и Марија. Марија Караѓорѓевиќ е ќерка на Ромаснкиот Крал Фердинанд и кралица Марија која е од Пруското Кралско семејство. Марија работела во добротворни и хуманитарни друштва за помош на сиромашните и болните, зборела осум светски јазици, била уметник –сликар и голем верник христијанин.

Локацијата за изградбата на винаријата била анализирана 3 години на неколку локации во околината биле закопани глави од јагниња. Одбрана е локацијата на која имало најмалку влага и најмногу струење на воздухо. Изгледот на винаријата е предложен од страна на врвни француски енолози поради добрата микоролокација. Прва берба на Винаријата е 1928 год. и тоа се 89 години на зрелост, плодност, искуство,историја, ферментации, ароми… Кралската вила е започната со изгадба 1934 година, а во чест на Кралицата Марија вилата е наречена “Кралица Марија”. На нејзиниот влез биле поставени две каријатиди кои се симбол на младоста, убавината, и мудроста. Каријатидите биле подарок од родителите на Марија.

Капацитетот на винаријата бил околу 500 000 литри во дрвени бочви и стаклени базенти кои се иразботени специјално за винаријата за ферментација на цвено вино во фабрика за стакло во Виена. Најголем процент се произведувале црвени квалитетни вина кои биле наменети за потребите на кралскиот двор во Топола.

Винаријата денес

Историјата на кралскaта винарија ,,Кралица Марија” се негува до ден денес и за среќа традицијата продолжува што подразбира производство на квалитетно вино на традиционален начин. Во употреба е истата опрема која е функционална со децении наназад, заедно со најсовремената опрема. Винаријата располага со капацитет од речиси 7 милиони литри вино, од кои 6.13 милиони се во танкови од нерѓосувачки челик (инокс), а остатокот во дрвени бочви. Имаат за цел да го подобрат квалитетот на вино преку инвестирање на нова опрема и со воведување на модерни технологии за производство на вино. Тоа го докажуваат и на дело и еден таков пример е производството на плавото Шардоне. 

Винаријата ,,Кралица Марија” со својот тим во 2016 година во Белград наградени се за најдобро оценето розе вино – Memento. 

memento wine

Виното Мементо е квалитетно суво вино и е купажа од две сорти: Кабарне Совињон и Мерло. Се карактеризира со бледо розева боја, со арома на црвено овошје: малини, јагоди, цреши и со освежувачка киселост, добро избалансирана и сладок вкус. Сите кое сте љубителни на салати, бело месо, сирење или морски плодови, ова вино би било совршена комбинација.

Покрај розе виното Мементо, винаријата ,,Кралица Марија” може да се пофали и со:

Вранецот, кој е главен производ, Кабарне Совињон, Мерло, Бургундец црн, Шардоне, Совињон бел и вино од сортата Смедеревка.

Винаријата ,,Кралица Марија” ги открива и своите идни планови. 

Плановите за винаријата ,,Кралица Марија” се подигнување на нови насади, инвестирање во нови плантажи за сорти кои се најбарани на пазарот и оние кои се помалку заборавени. За нивна среќа, во Македонија ги имаме потребните услови и се во голема предност и сигурна сум дека ќе успеат во посакуваните цели, да бидат во чекор со светот и што повеќе иновативни.

Вински туризам во винаријата ,,Кралица Марија”

Единствената винарија од која започнува Винскиот туризам е кралската винарија. Бројни екскурзии на деца ја имаат посетено и ја имаат слушната приказната за бочвата со трите куршуми во нејзе. 1944 кога последните германски трупи се повлекуваат од повардарието една Ноемвриска ноќ меѓу 5 и 6 еден германски Офицер пука во нејзе….

За да ја слушните целата приказна ќе мора да ја посетите винаријата… Покрај бројните дегустации на туристи од целиот свет организирани од Агенции како и со свои вински водичи биле гости во ,,Кралица Марија”, се прават свадбени свечености, приватни забави,семинари, симпозиуми. Винаријата има свој ресторан и сали за дегусатција, а секако туку се и дебелите сенки во природа на кои неможете да им одолеете.

За полесно да ја најдете локацијата на винаријата во прилог е ставена мапата.