Совети

Вапцајте ги јајцата со црвено вино, кристалчињата ќе ги добиете ГРАТИС

Пролет. Годишно време на кое најмногу му се радувам. Времето, мирисот на цвеќињата, зелената боја на дрвата, спомените и секако, тука е празникот Велигден.

Празникот Велигден ме асоцира на победа! Уште се сеќавам на сценариото кога бевме мали и кршевме јајца со маалските деца, јас секогаш бев победникот бидејќи никој не можеше да провали дека тоа беше всушност дрвено јајце. Се сеќавам и дека на секој Велигден си го рушев рекордот на изедени жолчки, а белките ги оставав.

Го сакам Велигден и секогаш со нетрпение чекам да почнам да ги декорирам велигденските јајцата. Веќе 5 години пробувам на различни начини, во разни бои, разни шарички, отпечатоци со листови, со циркони, со кристалчиња и слично.

Овој период практикувам да размислувам малку надвор од кутијата, бидејќи веќе скоро 1 месец сме затворени како во кутија. Така дојдов до идеа да пробам нешто невообичаено, плус не ми се ризикуваше да одам по боја за фарбање. Па земав да експериментирам со црвено вино… а вино имам секогаш на полицата. Резултатот ме изненади. Најважно немаше никаков хаос. Yay!

Рецептот е мноогу едноставен! Во црвено вино ги сварив јајцата и ги оставив 12 часа да отсојат. Следниот ден ги извадив и ги оставив да се исушат.. и ТА-ДА! Плус се формираа и кристалчиња.

Среќен велигден и #stayhome! <3